Дињата е едно од овошјата со најмногу вода во себе. Тоа значи дека дињата е одлична во превенција на дехидрацијата, но тоа не значи дека во својот состав нема витамини кои му се потребни на вашето тело. Таа е одлична за луѓето кои внимаваат на својата телесна тежина, бидејќи има мал број калории, а е многу нутритивна.
Еве зошто дињата е здрава за вашето тело и зошто треба да ја консумирате во летниот период.
Околу 156 грама диња, или една чинија, содржи:
Калории – 53 кал
Маснотии – 0,3 грама
Диететски влакна – 1,4 грам
Шеќер – 12 грама
Протеини – 1,3 грам
Витамин Ц – 40,56 милиграми
Калиум – 531,96 милиграми
1. Со тоа што е богата со калиум, дињата помага во регулирањето на крвниот притисок.
2. Содржи голема доза витамин А, што всушност ги зајакнува очните мускули и ги штити од проблеми.
3. Има доволно количество калиум, со што помага во одржувањето на телесната тежина.
4. Големото количество влакна прави дињата да може да го контролира нивото на шеќер во крвта.
5. Има големо количество витамин Ц, со што го зајакнува имунитетот. Го стимулира создавањето бели крвни зрнца кои се борци против инфекции во организмот.
6. Дињата е без холестерол, што значи дека лицата што имаат проблем со лошиот холестерол можат слободно да ја консумираат.
7. Бидејќи е богата со вода и со влакна, таа е одлична во борбата со констипација.
8. Докажана е во борбата со камења во бубрезите. Луѓето кои имале проблем со камења, а кои консумирале диња, имале подобрување на состојбата, односно успешно ги исфрлиле камењата.
9. Високото ниво на фолна киселина е одлично за младите мајки кои имаат проблем со отоци, бидејќи со помош на дињата успешно се исфрла вишокот течности во организмот.
10. Ги опушта нервите и мозочните мускули, што помага при несоница.
11. Витаминот Ц кој го има дињата, помага при регулација на крвавењето во текот на менструалниот циклус, со што и ги регулира грчевите. Консумирајте диња во првите два дена од вашиот циклус.
12. Повторно витаминот Ц кој го има во својот состав помага во елиминирање на слободните радикали и го превенира канцерот.
13. Консумирањето диња го зголемува нивото на кислород во мозокот, што прави да се смирите при стресни ситуации.
14. Има антистаросно влијание врз кожата. Го подобрува изгледот на кожата, но и ја превенира појавата на акни.
15. Кората на дињата кога ќе се свари во вода, помага при појава на забоболка. Плакнете ја устата со оваа вода еднаш дневно за да спречите забоболка и проблеми со непцата.
16. Семките од дињата се одлични при настинка проследена со кашлица.
17. Витаминот Б помага при зајакнување на ноктите и на косата, посебно е добра за доилките, бидејќи страдаат од слабеење на косата и нејзино опаѓање.
18. Одлична е во борбата со срцевите болести.