Околу 52 отсто од вкупната електронска пошта испратена лани во светот, всушност биле несакани рекламни пораки или спам, според еден извештај на „Секјурлист“.
Податоците покажуваат дека Кина е најголем извор на спам, што претставува речиси 12 отсто од глобалниот сообраќај со несакани рекламни пораки. САД се на второто место со девет отсто, додека Германија е на третото место со седум отсто. Сепак, добра вест е што вкупниот сообраќај со несакани пораки лани се намалил за четири отсто во однос на тој од претходната година.