Со јајцевидна форма и темновиолетова боја, модриот патлиџан нуди голем број здравствени придобивки за вашето здравје. Тој има малку калории и богат е со нутриенти.
Факти за модриот патлиџан
*Го има во различни форми и големини
* Го штити срцевото здравје
*Состојката со која е богат – насунин, го подобрува протокот на крвта во мозокот.
Бенефиции
Консумирањето овошје и зеленчук има огромни здравствени придобивки за вашето здравје. Студиите покажуваат дека консумирањето модар патлиџан е многу добро за здравјето.
Антоцијанинот и хлорогената киселина, кои ги има во модриот патлиџан, се силни антиоксиданти со антивоспалително дејство.
Одличен е за срцевото здравје
Растителни влакна, калиум, витамин Ц, витамин Б6 се состојки што се одлични за срцевото здравје. Американското списание за клинички нутриционизам има објавено дека консумирањето храна богата со овие витамини како и со антоцијанини, може да ја намали смртноста од срцеви болести.
Во една друга студија, пак, луѓето што консумирале повеќе од три оброци богати со антоцијанини во неделата, имале 34 проценти помал ризик од срцеви болести од оние што консумирале помалку.
Друга студија, пак, покажала дека зголемениот внес на антоцијанини значително го намалува високиот крвен притисок.
Холестерол
Модриот патлиџан го намалува холестеролот во крвта. Хлорогената киселина го намалува лошиот ЛДЛ-холестерол.
Рак
Полифенолите што се застапени во модриот патлиџан имаат антиканцер ефекти.
Ги штити клетките од штета предизвикана од слободните радикали и го спречува туморот да расте. Со тоа го спречува ракот да се шири.
Ја подобрува циркулацијата во мозокот
Модриот патлиџан е одличен за заболените од мозочни болести, бидејќи го подобрува протокот на крв во мозокот. Одлично е да се вметне во исхраната кај луѓето болни од деменција, Алцхајмерова болест и склероза бидејќи состојките со кои е богат помагаат и ја подобруваат меморијата.
Помага во одржување на тежината
Диететските влакна со кои е богат модриот патлиџан, се едни од важните фактори во одржувањето на телесната тежина но и за нејзиното намалување, бидејќи тие се „агенти за маснотии“ во организмот. Овие состојки го зголемуваат чувството на ситост и го намалуваат апетитот. Помагаат при намалување на внесот на калории со самото тоа што создаваат чувство на ситост.
Модриот патлиџан е со многу мал број калории, па е препорачан и во сите диети.
Здравјето на џигерот
Многубројни студии покажуваат дека модриот патлиџан помага во зачувувањето на здравјето на џигерот.
Нутритивна вредност
Една чинија зготвен модар патлиџан, или околу 99 грама содржи:
l калории 35;
l протеини 0,82 грама;
l јаглехидрати 8,64 од кои шеќер 3.17 грама;
l масти 0,23 грама;
l диететски влакна 2,5 грама;
l калиум 188милиграми;
l калциум 6 милиграми;
l цинк 0,12 грама;
l витамин Ц 1,3 грама;
l железо 0,25 грама;
l магнезиум 11 милиграми;
l фосфор 15 милиграми;
l фолна киселина 14 микрограми;
l витамин Б6 85 микрограми;
l витамин К 2,9 микрограми.
Никогаш не лупете го модриот патлиџан бидејќи неговата кора е богата со антиоксиданти и магнезиум.