Во пресрет на 4 февруари, роденденот на Гоце Делчев, годинашната меѓународна награда „Гоцева мисла“ му се доделува на Жан-Патрик Конрад, претседателот на Европската академија на науките, уметностите и книжевностите, со седиште во Париз.
Наградата ја доделува фондацијата за културна и научна афирмација и презентација „Македонија презент“.
Досегашни нејзини добитници се: Златко Крамариќ (Хрватска), Олга Панкина (Русија-Македонија), Даниела Костадиновиќ (Србија), Тања Попова (Бугарија), Звонко Танески (Македонија-Словачка), Волф Ошлис (Германија), Горан Калоѓера (Хрватска), Сабахудин Хаџиалиќ (Босна и Херцеговина), Лилјана Јанаќковиќ (Србија), Ресул Шабани (Македонија), Суат Енѓулу (Турција), Елка Наголова (Бугарија) и Ристо Василевски (Македонија – Србија).
Доделувањето на наградата е во рамките на традиционалната меѓународна манифестација „Фестивал на чајот и читањето“, кој започна на 15 јануари, а ќе трае до 15 февруари.