Манекенката Емилија Димитриевска од Скопје се пласира меѓу десетте финалистки на интернационалниот избор „Мис туризам Евроазија 2018“, кој се одржа минатиот викенд во Анталија, Турција. Победи претставничката на Летонија, прва придружничка е убавицата на Кипар, а втора е убавицата на Русија. На изборот учествуваа 30 девојки од 30 држави од Европа и Азија.
Изборот се одржа во хотелот „Топкапи палас“, во кој девојките престојуваа 15 дена. Емилија Димитриевска е членка на модното студио „Црнокрак“, кое ја поседува лиценцата за Македонија. Таа во финалната вечер се претстави со вечерна тоалета изработена од модната дизајнерка Ива Спасовска, специјално за овој избор.