Вечерва во 20 часот, во МКЦ, во рамките на „Танц-фест“ на програмата е претставата „Егзистирање“, најновата премиера на „Скопје танцов театар“. Составена е од три кратки кореографии, а настапуваат младите танчари на „Скопје танцов театар“. Првиот дел „Вот хепенд ту…селф“ е кореографија на Јакуб Муњко. Настапуваат: Јована Зајкова, Сара Цветковска.
Тереза Лазарев. Артемиса Морина, Бобан Русески Вториот дел насловен „БЕЗ Стоп“ е во кореографија и режија на Матеа Киселичка, а третиот дел „Егзистирање“ е кореографија на Рисима Рисимкин. Музичари се: Виктор, Владо и Марко, костимите се на Благој Мицевски, а настапуваат: Јована Зајкова, Сара Цветковска, Тереза Лазарев, Бобан Русески и Артемиса Морина.