ФУДБАЛ

Во досегашниот преоден рок се реализирани 196 трансфери, во вкупна вредност од околу 116 милиони фунти, пишува британскиот весник „Гардијан“ на својата интерактивна-страница за трансферите на фудбалерите во најсилните пет лиги во Европа (Англија, Франција, Германија, Шпанија и Италија). Преодниот рок почна во почетокот на годинава и трае до почетокот на февруари.
Според податоците на „Гардијан“, во Англија досега се направени 79 трансфери со вкупна вредност од 40,6 милиони фунти, во Италија 48 трансфери (41 милион фунти), во Франција 26 (15,3 милиони фунти), во Германија 37 (38 милиони фунти) и во Шпанија 23 трансфери (два милиони фунти).