Едукативниот хрватски документарен филм „Децата на виртуелната стварност“, за влијанието на видеоигрите врз децата и младите, кој обелоденува непознати факти за светот на видеоигрите, совети на стручњаци и искуства на деца и родители, е достапен за гледање на сајтот „РТЛ плеј“.
Овој единствен документарец ја донесува приказната низ перспективата на три момчиња: Лука, Филип и Џошуа и нивните мајки. Во филмот станува збор и за конкретните предности и недостатоци на гејмингот и совети како да се заштитат децата од опасностите на виртуелниот свет.
Првата видеоигра е создадена во 1952 година, и никој не ни претпоставувал што ќе донесе. Денес индустријата на видеоигрите е една од поважните економски гранки со годишен приход од 137 милијарди долари, илјадници вработени и 2,3 милијарди играчи во светот. И додека едни тврдат дека видеоигрите се добри, бидејќи ги развиваат рефлексите, овозможуваат интерактивна забава и опуштање, други стравуваат од зависност и претерана стимулираност. Вистината е накаде во средината.
Документарецот „Децата на виртуелната стварност“ е реализиран во рамките на кампањата „Да играме на сигурно“, чија цел е да се зголеми нивото на информираноста и сигурноста на децата, младите и нивните родители при играњето видеоигри.