Откако претходно ги издаде првите џебни книги афоризми „Утрински афоризми“ и „Одиме на Венера“, македонски афористичар Миле Ѓорѓијоски, ја збогати својата колекција со уште две нови книги џебни афоризми, од кои во едната од нив „1.001 афоризам“ првпат кај нас се содржани и дел детски афоризми. Двете книги се збогатени со повеќе илустрации на познати македонски карикатуристи: Блаже Докуле, Јордан Поп Илиев, Дамир Новак и Ивајло Цветков.
– Очекувам новите книги, како и двете претходни, убаво да ги расположат и насмеат нашите читатели, во време кога меѓу македонските жители расположението е непозната работа – истакна Миле Ѓорѓијоски, слободен уметник.
Тој најави скорешна промоција на новите книги во повеќе градови во земјава, a првата ќе се случи на 12 мај во Тетово. Ѓорѓијоски најави и излегување од печат и на две свои драмски дела наесен, како и на два алманаха, творби на повеќемина соработници афористичари.