Книга со детски пиеси на српски јазик насловена „Чаробни компас“ од Сашо Огненовски, во издание на белградската издавачка куќа „Алма“, беше промовирана на неодамна завршениот 63-ти Белградски саем на книгата, во салата „Десанка Максимовиќ“. Промотори беа Милутин Ѓурковиќ и Ѓорѓе Оташевиќ, главниот и одговорен уредник на „Алма“.
Најновата, пак, поетска збирка на Огненовски, „Шума“, ја издаде „Силсонс“, а ја промовира на крајот на октомври поетот Михаил Ренџов во „Матица Ексклузив“ во Скопје. Стихови од оваа книга читаа младите актери Ива Милчова, Ане Блажовски и Христина Стефановска.