Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, не се плаши од никакви санкции од Западот во процесот на решавањето на прашањето за Косово и Метохија.
– За ваквата состојба и за лошите околности во кои се решава овој проблем донекаде сме и самите одговорни, имајќи ги предвид погрешната политика и некои потези на Србија со кои практично ставивме печат на пликот за косовска независност – изјави Вучиќ.
За евентуалните санкции во врска со информацијата за договорот меѓу Европа и САД, односно за т.н. вашингтонски документ, Вучиќ рече дека не видел такво нешто.
– Нема да има санкции против Србија. Наслушнав што некои нудат како свои принципи и начела. Нешто ми е соопштено полуофицијално. Тоа не е ништо ново – изјави Вучиќ.