Писателот, академик Влада Урошевиќ е годинашниот добитник на највисоката награда за поезија „златен витез“ на истоимениот Деветти меѓународен книжевен форум во Русија, за обемниот избор од неговата поезија (200 песни) насловен „Пејач во кулата“. Препевот е на Олга Панкина, афирматорката на македонската литература на руски јазик.
На оваа голема меѓународна манифестација се доделуваат награди за повеќе уметнички области. За награда од областа на поезијата пристигнале 183 дела, од кои во финалето влегле 117 кандидати, а жирито донело одлука највисоката награда „златен витез“ да ја добијат Урошевиќ и рускиот поет Александар Логинов.
Престижната издавачка куќа „Рудомино“ од Москва, која минатата година ја објави наградената книгата на Урошевиќ, наведува дека во оваа збирка одбрани стихови на македонскиот прозаист и поет, филолог и компаратист се влезени песни создадени во текот на шеесетгодшно книжевно творештво.