В сабота и недела, со почеток во 11 часот, во организација на Федерацијата за коњички спортови на РСМ и клубот за коњички спортови Илинден од Скопје, на терените на хиподромот во Маџари ќе се одржи големиот традиционален Октомвриски меѓународен коњички турнир во прескокнување пречки „Скопје 2019 – Меморијален куп д-р Јосиф Наумовски и 4-то и 5-то коло од ДП на РСМ за 2019 година
На турнирот ќе учествуваат јавачи и екипи од Албанија, Бугарија, Грција, Хрватска, Романија, Србија, Словенија, Турција и домаќинот Македонија.
На програмата се шест натпревари во прескокнување пречки по 3-то коло (сабота) и (недела), со височина на пречките од 1 до 1,40 м (со џокер)