Tеатарската претстава „Вдовицата се мажи“, според „Мечка“ од А.П. Чехов, во продукција на НУЦК-театар „Јордан Х.К.-Џинот“ од Велес, во режија и адаптација на Младен Крстевски, ќе биде одиграна во театарот „Комедија“, на 23 јули, во рамките на „Скопско лето“.
Претставата има добиено две награди на интернационалниот театарски фестивал „Руска класика“ во Москва, за најдобра странска претстава и за најдобар актерски ансамбл. Настапуваат актерите: Марина Поп-Панкова, Васил Зафирчев и Младен Крстевски.