Кога ќе се забележи линијата на движење на бојникот, тогаш слободно може со мамката да се префрли јатото два метра кон средината на реката, оти кога оловните кугли ќе паднат во водата, постои можност рибата малку да се исплаши и по навика да се придвижи неколку метри кон средината на водата
Ако ловите бојник на голема река, а тој е далеку од брегот, рибарот треба да се потруди да фрли подготвена мамка што поблиску до него, оти ако се фрли на голема оддалеченост, бојникот сигурно нема да се приближи кон брегот. Во такви ситуации приближувањето е многу ретко, и тоа околу 3-4 метри, но на ова не треба многу да се смета, оти не постои таква мамка што оваа риба ќе ја доближи на само 7-8 метри.
Но што ако се случи спротивното?
Во повеќето случаи бојникот е поблиску до брегот взори, а како што поминува денот, тој полека се оддалечува од брегот. Токму поради ваквите ситуации рибарот треба многу да порани, а мамките да се подготват дома порано или ноќта пред одењето, за рибарот да не мрзне крај водата или да загуби непотребно време додека лови.
Кога ќе се забележи линијата на движење на бојникот, тогаш слободно може со мамката да се префрли јатото два метра кон средината на реката. Причината за ова е што кога оловните кугли ќе паднат во водата, постои можност рибата малку да се исплаши и по навика да се придвижи неколку метри кон средината на водата.
Бојникот ретко оди блиску до брегот, а ако и го направи тоа, не претставува голем проблем, оти подготвената мамка го чека. Кога ќе се придвижи јатото, рибарот не треба да ја фрла храната директно во јатото, бидејќи бојникот ќе се исплаши и ќе се оддалечи 2-3 метри. Потоа, како што ќе се стоплува денот, тој полека, за уште 2-3 метри, ќе се оддалечува кон средината на реката, а тоа е вкупно 5-6 метри од храната што ја фрлил рибарот.
Во ваквите пристапи рибарот е губитник само за неколку часа, а со пристапот на префрлување на оловните куглички два метра, во игра е цел ден. Ништо не треба да му се препушти на случајот, а притоа треба да се води сметка за положбата на рибарот кога лови.
Понатаму не треба да се прави преголема врева ако бојникот е блиску до брегот. По прашањето на местата и хранливоста на бојникот, потребно е да се знаат патеките на бојникот во различно време од денот ако јатото риби се движи. Врз база на овие податоци, но и на интензитетот на риболовот, може да се одредат количеството и динамиката на прехранување.
И најдобрите подготовки за риболов нема да дадат резултати ако рибите се фаќаат на погрешно место и затоа треба да се води сметка каде се фрлаат оловните кугли.
Секако, постојат денови кога рибата едноставно не гризе што и да стори рибaрот. Но, сепак, вреди рибарот да се потруди да фати некој бојник, оти тогаш бојникот има поголема вредност, создава задоволство за вложениот труд на рибарот. Во суштина, важно е само да се следи движењето на јатото, односно дали тоа се оддалечило од брегот и колку метри.
Понекогаш јатото риби се спуштаат или одат во спротивната страна од текот на водата. Ако рибарот го забележи тоа, подобро е да пристапи кон тактиката на риболов со паузи.
Тактика на риболов со паузи
Ако рибарот забележи дека по секоја уловена риба му треба долго време за другата, а особено ако по уловот неговата тапа неколку минути мирува без никаков допир, треба да ја примени тактиката на паузи.
По фрлањето на оловото со мамката, како и кога ќе го стори тоа со фрлање зад јатото риби, рибарот не треба да лови веднаш, односно потребна е пауза од 4-5 минути, па пак да почне. По уловот, рибарот повторно треба да се одмори, но само 2-3 минути, и тоа да го повторува ако не е сигурен дека почнало поинтензивно хранење. Со таквиот пристап тој ќе има константни серии без поместување на јатото, што е, пак, многу поефикасно отколку секојпат да се чека јатото да се врати. А тоа ќе се врати само неколкупати, за потоа да испари и риболовот да заврши.
Затоа подобро е да се прават паузи отколку да се фати една риба, па да се чека 15 минути за следната, а по 5-6 така фатени риби сѐ да застане. Рибарот тогаш ќе помисли дека рибата не сака да гризе, а ни на крај на умот не му е да помисли дека токму тој ја избркал што подалеку.
Влијанието на ловот врз популацијата на волците
Канадските научници откриле дека волците во нивната држава, каде што контролирано се ловат и континуирано се гонат, се под голем стрес, пренесува магазинот „Саeнтист“. Научниците што ја направиле студијата во списанието „Функционална екологија“ ги испитувале хормоните кај волците и откриле високи нивоа на хормони на стрес и промени во нивоата на половите хормони, кои, пак, би можеле да влијаат на промени во стадото и да ги направи поподложни на болести.
Истражувачите од Универзитетот во Калгари и Викторија собрале влакна од волци што ловџиите ги убиле во текот на 13 години и од тие влакна добиле податоците за долгорочниот хормонски статус на животните, мерејќи го нивното ниво на кортизол стрес-хормоните, како и надворешните хормони прогестерон и тестостерон.
Кај 130 волци од канадските тундри што засилено биле убивани за популацијата на волците се држи под контрола, научниците откриле многу повисоки нивоа на кортизол отколку кај 30-те волци од шумата, каде што ловот врз нив не е интензивен.
Волците од тундрата исто така имале зголемени нивоа на прогестерон, што укажува на повисока стапка на женките што се парат, а каде што е вообичаено во текот на една година да се пари само една женка во стадото волци.