Народниот театар од Битола учествува на Фестивал на националните театри од регионот во Подгорица со претставата „Коцкар“ од Ф.М. Достоевски, во режија на Дејан Пројковски. До 8 јуни на ова прво фестивалско издание, кое има ревијален карактер, ќе бидат одиграни актуелни и најзначајни продукции и од театрите од Босна и Херцеговина, Хрватска, Србија, Словенија и од Црна Гора.
Во „Коцкар“ улогите ги толкуваат актерите: Огнен Дранговски, Илина Чоревска, Јоана Поповска и др. Сценографијата е на Валентин Светозарев, костимографијата на Благој Мицевски, Олга Панго ги подготви сценските движења, а автор на музиката е Горан Трајковски.