Американскиот сенатор Берни Сандерс сними видео во кое најавува дека ќе се кандидира за наредните претседателски избори, во 2020 година. Сандерс веќе одржал средба со луѓето што би можеле да ја водат неговата предизборна кампања, пренесува „Политико“.
Сандерс (77) беше партиски кандидат на демократите на претходните избори, но го победи Хилари Клинтон, која тогаш стана официјална кандидатка на Демократската партија против републиканецот Доналд Трамп. Сенаторот од Вермонт, кој се претставуваше како социјалистички демократ во текот на претходната кампања, се залагаше за бесплатно факултетско образование и здравствено осигурување за сите граѓани. Тој беше член на Претставничкиот дом на Конгресот од 1990 до 2006 година, пред да биде избран за сенатор.
Сандерс сега е независен сенатор и е популарен кај демократите, но дел од членовите на партијата се сомнева дека тој би бил најдобар кандидат, првенствено поради возраста.