Атлетската екипа на основното училиште „Крсте Мисирков“ од Куманово за ученици од генерацијата 2001-2004, од 13 до19 мај, е дел од 23-то Училишно светско атлетско првенство што оваа година се одржува во Сплит, Хрватска.
Настапуваат 33 екипи од 33 држави, од Европа и од други континенти, што за нашите млади атлетичари ќе биде навистина голем предизвик и голем мотив за постигнување на добар спортски резултат.
Атлетската екипа на училиштето „Крсте Мисирков“ на првенството настапува како единствен тим од Македонија, а составена е од 6 атлетичари, кои ќе бидат придружувани од двајца тренери, лекар и водич на патот. На првенството екипите настапуваат тимски што значи дека нема поединечни настапи, а резултатите се сметаат како резултати остварени од целата екипа.
Атлетичарите на Светското првенство учествуваат во неколку тимски дисциплини и тоа: скок во далечина, фрлање ѓуле, трки на кратки и на средни патеки и во штафета.
За учеството на ова Светско првенство екипата на училиштето „Крсте Мисирков“ се избори како повеќекратен шампион во нашата држава. Т.Д.