Суперѕвездата на модерната уметност Демијан Хирст го откри контроверзното дело „Чудесно патување“, кое се состои од 14 огромни скулптури во различни фази на развој на фетус, пред богатата болница полна со уметнички дела во Доха, Катар. Скулптурите прикажуваат различни фази на фетус, од продорот на сперматозоидите во јајниците, преку растот во матката, до 14-метарската скулптура на голо дете, кое меѓу другото го краси, како што се истакнува, „првиот јавно прикажан пенис во Катар“.
Се работи за дело што, покрај темелите на болницата „Сидра“ во Доха, за кратко е претставено уште во 2013 година, но скулптурите брзо се покриени за да не бидат оштетени од работата на огромниот болнички центар за жени и деца во кој катарската влада вложи седум милијарди евра.
– Технички, ова е прва скулптура на голо тело во арапскиот свет. Можам да разберам зошто ја сметаа за многу важна – рече тогаш за катарските медиуми уметникот, додека многумина се бунеа против делото, кое го сметаа за непримерно.
Во обид да го ублажат потенцијалниот скандал, власите дури го донесоа момчето што е претставено на скулптурата да чита извадоци од Куранот за зачнувањето.
Сега, кога скулптурите се откриени, многумина бараат нивно покривање или отстранување, но зад проектот стои ултрабогатата катарска фондација што служи како филантропска продолжена рака на тамошните власти.
Болничкиот центар во својот внатрешен простор има голем број уметнички дела од современа уметност, какви што би сакале да поседуваат колекционерите во светот.