Веројатно не сте знаеле дека „кока-колата“, освен како освежителен пијалак, можете да ја користите и за многу други работи. Една од состојките што се наоѓа во „кока-колата“ е содата бикарбона, која како алкална супстанција може многу да помогне во чистењето на просторот во кој живеете и предметите што ги поседувате. Во продолжение, прочитајте како и каде сѐ може да ја искористите „кока-колата“ во домот.
Дното на садовите за готвење со текот на времето станува црно и замастено, така што едноставно невозможно е да се измие. Дното на замастената тава или тенџере полејте го со „кока-кола“ и оставете го некое време. Можеби на првото миење нема да ја отстрани целосно нечистотијата, но доколку ја повторите постапката неколкупати, сигурно ќе има голем ефект.
„Кока-колата“ помага и при отстранувањето на ’рѓата од металните предмети. ’Рѓосаните предмети преку ноќ оставете ги потопени во „кока-кола“ и следното утро истријте ги. Рѓата целосно ќе се исчисти од нив и повторно ќе светнат како нови.
Кажете им збогум и на странствата за отстранување бигор. Популарната „кока-кола“ е идеално средство и за отстранување на бигорот од вашата ВЦ-шолја. Истурете во шолјата со „кока-колата“, оставете да дејствува некоја минута и работата е готова.
Наместо стандардните средства за чистење прозорци можете да искористите „кока-колата“. Таа одлично ги отстранува нечистотите и мрсните флеки од стаклото.
„Кока-колата“ е одлично средство и за отстранување на флеките од облеката. Исфлеканиот дел од облеката полејте го со „кока-кола“ и оставете го да постои. Поради дејството на содата флеката на почетокот ќе ја промени бојата, но по перењето во машина за алишта флеката целосно ќе исчезне. Доколку, пак, имате многу извалкана облека, во машината за перење заедно со прашокот додадете и една лименка „кока-кола“.
Кога во зима ќе ви замрзнат стаклата на автомобилот, а немате стругалка за мраз, „кока-колата“ е вистинско решение. Ставете една чаша „кока-кола“ во шише со распрскувач, испрскајте ги стаклата и за неколку минути само пребришете со сува крпа.
Изветреаната „кока-кола“ е одлично ѓубриво за цвеќињата и тревникот. Со облога од „кока-кола“ ќе се ослободите од чешањето по убод од комарец или пчела. Исто така доколку имате болки во стомакот или пролив, напиј те се „кока-кола“, таа ќе ја изедначи пе-ха вредноста во вашиот стомак и привремено ќе ги ублажи грчевите и проливот. „Кока-колата“ е одличен лек и за икавица. Направете гаргара со малку „кока-кола“ и икавицата веднаш ќе престане.
„Кока-колата“ можете да ја користите и како балсам за коса. Ако по фарбањето вашата коса добила посилна боја, намокрете ја со „кока-кола“ и оставете неколку минути да дејствува. Тоа ќе ви помогне да добиете една нијанса посветла коса. Доколку на прамен од косата во се залепила мастика за џвакање, нанесете „кока-кола“ пуштете да отстои неколку минути и со малку трпение целосно ќе ја отстраните.
Познатите научници и археолози потврдиле дека со помош на „кока-кола“ одлично се чистат старите парички и накит, само со потопување и нежно пребришување.
„Кока-колата“ е одлично средство за уништување мравки и лебарки. Бубачките ги привлекува слатката арома, така што лесно се намамуваат во пластичен сад во кој сте ставиле „кока-кола“.
Најлоша работа што може да ви се случи кога купувате месо е тоа да е жилаво и старо. Но проблемот може да го решите, ако неколку часа го ставите месото во маринада со „кока-кола“. Резултатот е совршен ручек.