Здрава храна
Вистинскиот цејлонски цимет е одличен ароматичен зачин што се користи за подобрување на вкусот на кафето, јогуртот, овесните снегулки, колачињата, чаевите, питите… Циметот е дури таинствена состојка на „кока-колата“.
Овој вкусен широкораспространет зачин има неколку важни здравствени предност поради своите антиоксдантни својства. Сепак, не се препорачува консумирање повеќе од 6 грама цимет на ден. Споделуваме неколку причини поради кои треба да се користи цимет во исхраната:
– Хемискиот спој што е пронајден во циметот помага за превенција и борба против бактериските и габичните заболувања.
– Го намалува воспалението поврзано со артритисот. Антиоксидантите во циметот ги уништуваат и неутрализираат слободните радикали што предизвикуваат болки во зглобната ‘рскавица.
– Го регулира шеќерот во крвта и затоа е одличен избор на пациентите со дијабетес тип 2.
– Ги намалува нивото на лошиот холестерол и создавањето кардиоваскуларни болести.
– Го намалува ризикот од канцер, го поттикнува матаболизмот и, на крајот, мирисот на цимет има смирувачки својства.