Филмската приказна „Бојата на пурпурот“ наскоро би требало да добие уште едно уметничко видување. Поточно, овој пат ќе ѝ биде претставена на публиката како мјузикл. Стивен Спилберг и Опра Винфри ги здружија силите за развивањето на ова дело, зад кое застана продукцијата „Ворнер брос“, пренесе магазинот „Варајати“.
Квинси Џонс и Скот Сандерс исто така се вклучени во проектот, а дејството на филмот се темели на истоимениот роман на авторката Алис Волкер, за кого таа доби и „Пулицерова награда“ во 1985 година. А филмот што се базира на ова дело доби дури 11 номинации за „оскар“.