Графичката новела насловена „Црната аурора“, работена по сценарио на Ивица Дукоски и цртеж на Владимир Благојевиќ-Владодлак, во издание на „Стрип квадрат“, ќе биде промовирана на 18 јануари, во 20 часот, во „Цреша бар“.
Новелата содржи хорор епопеја за темен облак од ѕвездена прашина што мистериозно се појавува над Скопје, а никој нема објаснување за тој феномен, освен Ален Корбин, кој стравува дека црна аурора е директно поврзана со неговите кошмари.
„Црната аурора“ е прва графичка новела на тандемот Дукоски – Благојевиќ и нивна прва соработка со „Стрип квадрат“. Двајцата се и автори на научнофантастичниот стрип-серијал „Неонски ноќи“.