Младиот и талентиран пијанист Арсениј Ангелески, неодамна во Центарот за култура „Марко Цепенков“, во Прилеп го одржа својот прв пијано-рецитал на кој се претстави со дела – бисери на светската пијанистичка литература.
Овој млад надежен пијанист е ученик во осмо одделение во ОМУ „Ордан Михајлоски-Оцка“. Добитник е на многубројни награди во земјата и во странство.
Пред прилепската публика одлично ги изведе делата од Бах, Клементи, Менделсон, Шостакович, Рахманинов…, за што беше награден со бурен аплауз од публиката.
Дека е голем талент, но и ученик што многу вложува во својата едукација потврдува и неговата професорка Христина Никоска, која има само пофалби за својот ученик. А Арсениј, пак, ни откри дека по четири часа дневно свири на пијаното, со желба постојано да се усовршува и надградува.