Бугарија е на второто место во групата земји што се интересни за руските купувачи на станови во периодот од вториот квартал на 2016 година до првиот квартал на 2018 година, покажуваат податоците на порталот за недвижности Транио, врз основа на пребарувања на рускиот интернет-пребарувач.
Во 2016 година Бугарија била најпопуларната дестинација за Русите, кои сакале да купат стан во странство. Во овој период бројот на поединечните пребарувања изнесувал 980 илјади.
Порталот за тргување со недвижности забележува дека Бугарија останува многу атрактивна земја меѓу руските купувачи на станови, иако опаѓа популарноста за бугарските станови кон крајот на минатата година. Во 2017 година на страниците на овој портал имало 500 илјади посети.
На страниците на сајтот се споменува изјавата на бугарската министерка за туризам Николина Ангелкова, според која 400 илјади Руси поседуваат имот во Бугарија, иако, според официјалните статистички податоци, нивниот број е значително помал и изнесува „скромни“ 74 илјади недвижности.
На порталот се забележува дека растот на крајбрежниот пазар за недвижнини во Бугарија во голема мера се должи на руските купувачи.
Шпанија беше најпопуларна земја меѓу руските домашни купувачи помеѓу вториот квартал на 2016 година и првиот квартал од 2018 година, со повеќе од еден милион пребарувања.