Учениците со посебни образовни потреби од основните училишта во општината Аеродром веќе шест месеци имаат лични и образовни асистенти, а проектот преку кој се тие ангажирани веќе ги дава и првите позитивни резултати. Носител на проектот е УНДП, а се реализира во соработка со општината Аеродром. Досега се ангажирани осум образовни и седум лични асистенти што работат во основните училишта со деца со посебни образовни потреби, а се очекува проектот да продолжи и следната учебна година, за да се опфатат поголем број ученици на кои им е потребна ваква помош.
По шест месеци, проектот дава позитивни резултати. Ова е заклучокот од спроведената полугодишна евалуација на сите вклучени субјекти во проектот, чиј носител е УНДП, во соработка со општината Аеродром и Агенцијата за вработување на Република Македонија, како дел од програмата за општокорисна работа.