Дали кофеинот и зачините го забрзуваат метаболизмот?
Луѓето најчесто зборуваат за забрзување на метаболизмот кога сакаат да ослабнат, а познатите теории дека лутата храна, кофеинот, зачините и други состојки што го забрзуваат метаболизмот можат да помогнат во намалувањето на килограмите, немаат директна врска со метаболизмот, туку со разградбата на овие состојки во организмот.
Да имаме зголемен или брз метаболизам значи да бидеме во можност брзо да ја искористиме енергијата од храната и ефикасно да се ослободиме од отпадот. Забавениот метаболизам, од друга страна, има спротивен ефект.
Има многу различни процеси, сигнали и сложени патишта што го контролираат нашиот метаболизам, кои ги вклучуваат: мозокот, мускулите, органите и клетките. Една од најчестите заблуди во која луѓето веруваат е онаа дека одреден вид храна може да го унапреди и забрза метаболизмот. Научниците ја отфрлаат оваа идеја како лажна, а теоријата дека намирниците како црн пипер и зелен чај го забрзуваат нашиот метаболизам се темели на тоа што стручњаците го нарекуваат неосновани научни тврдења.
Она што супстанциите како кофеинот го прават е побрзо разградување на масните киселини во мускулите што се користат како енергија, а тоа е поразлично од конкретното согорување на мастите.
Всушност, метаболизмот е само начин на кој нашето тело решава да создаде енергија, односно се работи за претворање во енергија на калориите што ги внесуваме преку исхраната.