Одбојкарите на Џио Струмица го освоија Купот на Македонија, откако во финалниот меч во Струмица ја совладаа екипата на Универзитет Тетово со 3-0 (25-18, 27-25 и 25-17).
Актуелниот шампион и куп-победник одигра лошо само во вториот сет, но тетовци не ја искористија дадената шанса во финишот на сетот.
Струмичани со фуриозна игра го добија третиот сет и со тоа го одбранија минатогодишниот трофеј, а вкупно шести во нивната клупска историја.
Куп-трофејот во женска конкуренција, пак, заврши во рацете на одбојкарките на Работнички, кои во финалето во салата „Парк“ славеа над Наковски волеј со 3-1 во сетови (25-18, 25-21, 16-25, 25-17).