Поранешниот командир на которската полиција З.С. е осомничен дека соработувал со припадниците на криминалците од Кавачкиот и Шкаљарскиот клан. Тој учествувал во претресите на објектите што ги користел водачот на шкаљарците и за наводите од истрагата ги информирал водачите на ривалската криминална група, покажуваат податоците собрани со применување посебни истражни мерки, пишува подгоричкиот весник „Дан“.
Од прислушуваните разговори произлегува дека тој им овозможил на уапсените криминалци да комуницираат во зградата на которската полиција за да се договорат за начинот за изнесување на одбраната пред државниот обвинител.
Иако непосредно по апсењето командирот на полицијата признал дека оддавал информации за полициските активности за расветлување на кривичните дела на криминалците, тој пред судот ги негирал претходните изјави.