Замислете ако можеме да ги замениме фосилните горива со наши сопствени мини-ѕвезди. Во случај кога се зборува за енергијата од ѕвездите, не станува збор за соларна енергија туку за енергија од нуклеарна фузија. Неодамнешните истражувања ни помагаат да стигнеме за чекор поблиску до создавање енергија преку нуклеарна фузија. Запознајте го експериментално напредниот суперкондуктор „Токамак“ или таканаречен ЕАСТ. ЕАСТ е реактор за фузија со седиште во Хефеи, Кина. И сега може да достигне температура шест пати поголема отколку нашето сонце. Во оваа вештачка ѕвезда, фузија се јавува кога два лесни атома се комбинираат во еден.
При процесот на спојувањето на атомите се ослободува енергија. Ова звучи мошне едноставно, но не е толку лесно да се изведе колку што звучи. Тоа е така затоа што овие два атома имаат позитивен полнеж. Исто како два позитивни магнета, позитивните атоми се одвраќаат меѓусебно. Ѕвездите како нашето сонце имаат одличен начин за надминување на проблемот со оваа одбивност. Нивната масовна големина создава огромен притисок во нивните јадра при што атомите се принудени да се одбиваат во голема близина. Тој притисок ги зголемува шансите за судирање на ваквите атоми. Има само еден проблем, ние немаме технологија за да го создадеме тој притисок на земјата. Но, за среќа, постои друг начин. Може исто така да се генерира фузија со екстремни температури, а токму тоа го прават уредите како ЕАСТ. Колку е повисока температурата, толку побрзо се движат атомите и толку е поголема веројатноста тие да се судираат. Но овој пристап за брзо време станува балансирачки акт.
Ако температурата е премногу голема, атомите се движат пребрзо и се разминуваат едни со други. А ако е премногу ниска, атомите нема да се движат доволно брзо за да се судрат. Значи идеалната температура за генерирање фузија е околу 100 милиони Целзиусови степени. Тоа е шест пати пожешко од јадрото на нашето сонце. Само неколку експерименти за фузија во светот ја надминаа оваа граница. Најновата од експерименталните фузии што ја оствари ЕАСТ.
Во експериментот, нуклеарна фузија се одржуваше околу десет секунди пред да се исклучи. Додека тоа претставува голем чекор за ЕАСТ, за луѓето на земјата сѐ уште претставува недостижен чекор во создавањето одржлива енергија. Во суштина ЕАСТ е мал реактор. Неговата намера е да го истражи и да експериментира со проблемот за наоѓање системи за енергија. Со големина од само неколку метри, неговата цел не е замислата тој да биде полноправна електроцентрала што создава енергија. Туку неговата работа е да ни помогне да дизајнираме поефикасна технологија за фузија, која еден ден би можела да напојува цели градови. Проектот ИТЕР. кој претставува кратенка за меѓународен термонуклеарен експериментален реактор, досега е најголем проект за фузија во светот. Триесет и пет земји вложија милијарди долари во неговата изградба. И тој е дизајниран да биде првиот фузиски реактор, кој ќе произведе поголема фузиска моќ од моќта што се користи за да се загрее.
Како што може да се забележи, овие машини користат многу енергија за да можат да работат. Овој неодамнешен ЕАСТ-тест искористи над 10 мегавати моќ. Тоа количество е доволно за да се обезбеди електрична енергија за 1.640 американски домови за една година. А во целиот процес машината не произведе дури ни половина од таа моќ. Бидејќи целата поента на електроцентралата е да продуцира енергија, според тоа мошне е важно прашањето дали е исплатлив процесот. Се поставува прашањето дали вреди да се вложат напори за вакви проекти? Од една страна, работата на реакторите за фузија нема да создадат практично никаков радиоактивен отпад во споредба со реакцијата што ја гледаме во електроцентралите за нуклеарна фисија денес.
Дополнителна позитивна карактеристика кај реакторите за фузија е тоа што можат да работат на морска вода, која е обновлив и одржлив ресурс. Како еден аспект, количеството вода што се наоѓа само во горниот дел од езерото Ири е доволно за да произведе поголема моќ отколку сите фосилни горива останати на планетата. А за разлика од другите извори на енергија, не е потребно сонцето да блесне или да има постојан ветер. Во време кога се смалуваат ресурсите и се влошуваат климатските промени, ваквите реактори претставуваат можна солуција за создавање енергија.