Белгија, Хрватска и Уругвај се единствените репрезентации што со максимален ефект од по три победи се пласираа во осминафиналето на фудбалското Светско првенство во Русија.
Тие освоија по девет бода, а селекции што со најмалку бодови се пласираа меѓу 16-те најдобри се Јапонија и Аргентина, со по четири бода. Покрај Белгија, Хрватска и Уругвај, без пораз во следната фаза се пласираа и Шпанија, Португалија, Франција, Данска, Бразил и Швајцарија.
Од селекциите што го завршија настапот на Мундијалот во Русија, најдобар пласман ќе имаат Сенегал и Иран, со по четири освоени бода, а последен би бил дебитантот Панама, без бодови.