Авионите на НАТО за првпат учествуваа во заштита на воздушниот простор на Црна Гора, бидејќи влегол цивилен авион кој над Хрватска ја загубил комуникацијата со контролата на летање, соопшти воената алијанса.
Во соопштението се наведува дека тој авион во вторникот го пресретнале два авиона „еурофајтер“ на италијанската воена авијација. Одлуката италијанските авиони да тргнат од базата „Џоја де Коле“ ја донел центарот на НАТО за комбинирани воздушни операции, кој се наоѓа во Шпанија.
Алијансата наведува дека по визуелната проверка на авионот, која ја направиле пилотите, утврдено е дека до губењето на комуникацијата дошло поради недоразбирање меѓу цивилната контрола на летање и авионскиот персонал. Инаку, по влегувањето на Црна Гора во НАТО, грчката авијација заедно со италијанската е задолжена да го надгледува нивното небо.