Книгата „Името: болка и екстаза“ од авторите Љупчо Коцарев и Ефтим Клетников ќе биде промовирана во Музејот на македонската борба, на 18 јуни (среда) 2025 година, во 18 часот.
Промотори ќе бидат д-р Трајче Стојанов, професор, и Христо Ивановски, новинар и поет.
Издавач на книгата е „Матица македонска“ од Скопје.
Во музичкиот дел на промоцијата ќе настапат хорот на пензионери „Елегија“, при општина Центар, под водство на Валери Стефановски и маестро Борис Трајанов.
Она што е посебно за одбележување е фактот дека за време на промоцијата на книгата ќе се промовира и нацрт-резолуцијата Меѓународен ден за осуда и спречување на геноцидот врз Македонците.