„Нова Македонија“ објавува нов фељтон на Никола Ристевски, кој како магистер по маркетинг-менаџмент, публицист и продуцент дава стручен приказ за историјата на маркетингот, маркетишката мисла, рекламата и пропагандата.
– Самиот термин „маркетинг“ како дејност има многу побогата содржина и определби, кои постојано се развиваат и прошируваат под влијание на општо-човечкиот процес. Уште од најраните форми на пазарна организација на стопанството се сретнуваат елементи на маркетингот. Денешниот маркетинг е резултат на продолжителна еволуција – пишува Ристевски.