Жени во македонското револуционерно движење од предилинденскиот и Илинденскиот период (1)

Во македонската историја се познати голем број настани и револуционери кои оставиле силен белег во борбите за ослободување на Македонија. Меѓутоа, она што не е доволно познато е дека во тие борби се вклучиле и повеќе Македонки, кои со своите дела и постапки исто така дале свој придонес во револуционерното дело. Околу нив се плетеле приказни, се граделе митови и легенди, а нивните биографии наликуваат на вистински романи кои како да се произлезени од најголемите фантазии на писателите. Овие жени се бореле гради во гради со непријателот, шиеле востанички знамиња, извршувале куриски задачи, пренесувале оружје и муниција, ги криеле и ги лекувале македoнските револуционери. Нивниот револуционерен ангажман бил прераскажуван од современиците, а меѓу народот биле познати како „комитките“.

Од утре „Нова Македонија“ почнува со серијал ексклузивни текстови за овие важни жени од македонската историја.
Автор на текстовите е д-р Славчо Ковилоски, универзитетски професор.