Хајди Клум (46) се појави во најкомплицираниот костум што една јавна личност го има носено на Ноќта на вештерките.
Целиот процес на облекување Хајди Клум го сподели на социјалната мрежа Инстаграм.
Интересно е што подготвувањето на Хајди се одвивало во излог, така што секој што сакал можел да гледа во живо како изгледа маскирањето на славниот супермодел.
Хајди е голем љубител на Ноќта на вештерките, и со години организира забава на која присуствуваат многу познати личности.
Таа со месеци планира каков костим да носи на 31 октомври.