Вулканот Етна, висок 3.324 метри, е еден од најактивните во светот. Вулканот повторно беше активен завчера, а поради исфрленото количество на чад и пепел, италијанските власти мораа да го затворат меѓународниот аеродром „Катанија“. Сепак, властите тврдат дека вулканот не претставува опасност за околните села. Етна е популарна туристичка дестинација и нејзините ерупции, особено гледани навечер, се спектакуларни.
 
             
		
































 
                             
                             
                             
                             
                             
                             
                            


