Пекинг ја прикажа воената моќ на парадата по повод одбележувањето на 70-годишнината од основањето на Народна Република Кина.
Воената парада во која учествуваа неколку десетици илјади војници, ја следеше претседателот Си Џинпинг, облечен во сива униформа, како онаа што ја носеле кинеските лидери во време на создавањето на Републиката.
Во текот на парадата беа изложени интерконтиненталните балистички ракети ДФ-41, како и друго модерно вооружување.