Холивудската компанија „Ворнер брос“ го „забрани“ најновиот видео-клип на американскиот претседател Доналд Трамп, откако тој во него искористи музика од култниот филм „Подемот на црниот витез“ од франшизата на филмовите за стрип-јунакот Бетмен.
Претседателот на неговиот твитер-профил објави двеминутно видео за неговата кампања за изборите в година, проследено со музиката на композиторот Ханс Цимер од франжизата на глобално познатите филмови на режисерот Кристофер Нолан.
Авторските права и правата за користење на музика, сцени и делови од филмот, кои неколку пати ги има во овој промотивен видео-клип се на „Ворнер брос“, кои брзо делуваа и рекоа дека неовластено се искористени музиката и насловните карти.
Ова не е првпат Трамп да користи популарни референци од филмовите и музиката за да ја промовира својата кампања. За време на зголемените тензии со Иран, тој го искористи познатиот слоган од серијата „Игра на тронови“ и наместо „зимата доаѓа“, неговиот слоган гласеше „санкции доаѓаат“.
Згора, неколку познати изведувачи како Принс, Фарел Вилијамс и Ролинг стоунс неколку пати бараа и забранија користење и пуштање на нивната музика за време на митинзите на претседателот.
MAKE AMERICA GREAT AGAIN! pic.twitter.com/diXWQHuyGj
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) April 9, 2019