Торнадото што синоќа опустоши седум села на југот од Чешка и однесе најмалку пет човечки животи, според премиерот Андреј Бабиш, уништило или срушило околу 2.000 куќи.
Околу 75.000 домаќинства се без електрична енергија, 2.000 без гас, а неколку десетици предаватели не пренесуваат сигнали за мобилна телефонија.
Министерот за внатрешни работи, Јан Хамачек, прогласи вонредна состојба, а Бабиш ја нарече природната катастрофа – апокалипса.
Објавени се снимки од дрон кои го покажуваат разурнувачкиот ефект на природната непогода.