Кит се појави во реката Темза, со што беше забележан во два наврати во последните два дена. Реткиот вид на бел кит, кој вообичаено се забележува на Арктикот, беше виден во близина на Грејвсенд во Кент.
Бројни експерти и активисти за заштита на животните чекаат покрај брегот на реката, за да му пружат помош на китот, во случај да се насука.
Британската јавност ја следи состојбата, давајќи му го прекарот Бени на животното.