Извршниот директор на компанијата „Тесла“ Илон Маск, беше забележан викендов како го вози прототипот на неговиот сајбер-камион низ улиците на Лос Анџелес. Ова не е прво појавување на возилото во јавноста, откако беше претставено на 21 ноември, но Маск сега првпат се најде зад воланот.
Милијардерот попат срушил еден знак и направил сообраќаен прекршок со недозволено свртување, пренесуваат американските медиуми. Повеќе видеа од сајбер-камионот беа објавени на Јутуб.