Торнадо го погоди градот Каихуан во североисточниот дел на Кина, при што шест лица загинаа и 190 беа повредени, а оштетени се фабриките и зградите, објавија денеска кинеските државни медиуми.
Ударот на торнадото во овој град во провинцијата Лијаонинг започна вчера попладне.
Државната телевизија во Кина објави снимки од низа разурнати ниски згради и пожарникари што копаат по шутот во потрага по преживеани.