Џенифер Лопез и Шакира настапија на музичкиот спектакл на полувремето на Супербоул натпреварот во НФЛ-лигата, најочекуваниот спортски настан во Америка, што се одржа на стадионот „Хард рок“ во Мајами.
Двете латино-диви, Шакира и Џенифер Лопез приредија незаборавно шоу на сцена преполна со танчери, смели и раскошни костими во текот на ноќешниот спектакл.
50-годишната Џеј Ло на сцената се појави веднаш по Шакира, со микс од нејзините најголеми хитови меѓу кои „Jenny From The Block“, „Love Don’t Cost A Thing“, и „Waiting For Tonight“.
Таа ја воодушеви публиката со танцувањето, а потоа и со песната изведена додека беше на врвот на пирамида од танчари, за на крајот да отпее и дует со нејзината 11-годишна ќерка Ема.