Хавајските Острови ги погоди невреме, проследено со врнежи од снег, што доведе до прекин на електричната енергија до голем број домаќинства и поплави, додека силниот ветер корнеше гранки, кои предизвика оштетувања на некои домови и објекти и блокираа повеќе патни правци.
Снегот не е невообичаен за планинските врвови на Хаваите, но неговата појава на височина од 1.900 метри е досега нерегистрирана појава на овие острови во централниот дел на Тихиот Океан.
Националната метеоролошка служба во Хонолулу соопшти дека ветерот во некои делови на моменти дувал и со брзина од 110 километри на час.
Локалните медиуми јавија дека едно лице било повредено кога врз возилото со кое патувал паднала бандера откорната од силниот ветер.