Џиновската панда Беи Беи уживаше во снегот во зоолошката градина „Смитсонијан“ во Вашингтон, САД, пренесува „Ен-пи-ар“. На снимката се забележува како тригодишниот мажјак Беи Беи си игра во снегот. Пандите претпочитаат ниски температури и се поактивни во текот на зимските месеци.