Основачот на компанијата „Тесла“ Илон Маск го претстави неговиот последен проект, подземниот тунел во Лос Анџелес, за кој милијардерот тврди дека ќе го смени начинот на кој се одвива сообраќајот.
Подземната рута со должина од 1,8 километри, се наоѓа на шест до 12 метри под предградието Хоторн во Лос Анџелес. За изградбата на тунелот беа потребни 18 месеци, а чинеше 10 милиони долари.
При претставувањето пред медиумите беше користен автомобил без возач.