Два јапонски роботи-ровери испратија видео-снимка од површината на движечки астероид, во рамките на нивната мисија чија цел е откривање на информации за настанокот на Сончевиот систем.
„Ровер 1Б“ ја сними површината на астероидот Рјугу, прикажувајќи видео кое опфаќа временски период од нешто повеќе од еден час на астероидот.
Роверите беа испратени со сондата „Хајабуса 2“ која слета на астероидот по патување од три и пол години.