Видео-снимката која прикажува десетици француски адолесценти како клечат на коленици, држејќи ги рацете зад глава, опкружени од полицијата, резултираше со жестоки критики кон француските власти, односно кон нивното справување со протестите на „жолтите елеци“, пренесува европското издание на магазинот „Политико“.
Властите задржаа околу 150 млади луѓе по инцидентите во близина на неколку средни училишта, кои се наоѓаат на оддалеченост од 50 километри од Париз. Демонстрантите на возраст помеѓу 12 и 20 години, се обиделе да ги блокираат училиштата.
Активисти за човекови права и повеќе политичари наведоа дека употребата на прекумерна сила од полицијата е неприфатлива и понижувачка.