Југоисточниот дел на Австралија деновиве е погоден од студен бран, при што температурите паднаa и до три степени под нулата во планинските области, а на социјалните мрежи се појавија снимки од кенгури како скокаат низ снегот.
По силните ветрови и студот што погодија три југоисточни сојузни држави, во некои делови падна снег.
Корисникот на Твитер, Стефен Гренфел, снимил кенгури возбудени од несекојдневната глетка додека возел покрај резерват во Нов Јужен Велс.
– Ова не е нешто што можете да го видите во Австралија секој ден. Кенгури на снег – напиша тој.
Метеоролозите велат дека ова е еден од најстудените периоди во Австралија во последните години.
Во главниот град Канбера, локалните медиуми објавија дека за првпат во Австралија се одиграл фудбалски натпревар на снег.